РеплекФарм со престижниот GMP-сертификат

Bez autora
Jun 06 2011

Македонската фабрика РеплекФарм го доби GMP-сертификатот за добра производствена пракса, што претставува престижно признание за квалитет во областа на фармацијата. Со тоа скопската фармацевска компанија со 10-годишно искуство веќе е признаена од Европската комисија, а тоа истовремено значи признание на квалитетот на нејзиното производство во сите земји од Европската унија. Сертификатот на РеплекФарм му ги отвори вратите не само кон ЕУ, туку и кон другите земји во светот. Според Иван Туџаров, генерален директор на РеплекФарм, сертификатот ќе овозможи нивните лекови да бидат пласирани на европските пазари, а тоа истовремено е афирмација на името на Република Македонија.

РеплекФарм со престижниот GMP-сертификатМакедонската фабрика РеплекФарм го доби GMP-сертификатот за добра производствена пракса, што претставува престижно признание за квалитет во областа на фармацијата.

Со тоа скопската фармацевска компанија со 10-годишно искуство веќе е признаена од Европската комисија, а тоа истовремено значи признание на квалитетот на нејзиното производство во сите земји од Европската унија.

Сертификатот на РеплекФарм му ги отвори вратите не само кон ЕУ, туку и кон другите земји во светот. Според Иван Туџаров, генерален директор на РеплекФарм, сертификатот ќе овозможи нивните лекови да бидат пласирани на европските пазари, а тоа истовремено е афирмација на името на Република Македонија.

- Од нашето отворање пред 10 години ние се бориме да го добиеме овој сертификат. Тоа е многу тешко и затоа последните две-три години интензивно работевме. Имавме добар партнер во една словенечка компанија која веќе има ваков сертификат и доста ни помагна во остварување на овие норми - истакна Туџаров при јавната презентација на GMP-сертификатот. Тој смета дека овој сертификатот ќе им помогне многу во освојување на нови пазари, како што е европскиот, северно-африканскиот и блискоисточниот пазар.

Сертификат во превод значи добра производствена пракса што е синоним за добро организирана фармацевска пракса која овозможува на земјите што се надвор од ЕУ да почнат со регистрација на своите лекови.

Туџаров информира дека веќе почнале и со регистрација на лекови во Словенија и преку неа одеднаш во 27 европски земји.

- Со овој сектификат нашите документи се прифатени од сите агенции, освен од Американската, но и тоа ќе го добиеме до крајот на годинава - вели Туџаров и додава дека до крајот на годинава очекуваат сертификација на РеплекФарм и од страна на FDA -Агенцијата за храна и лекови на САД.

На домашниот пазар РеплекФарм е застапен од 10 до 12 проценти, останатиот дел се извезува во повеќе земји меѓу кои Русија, Србија, Косово, БИХ, Хрватска, Албанија, Туркменистан, Нигерија, Уганда и Габон.

Перспективите на компанијата се големи бидејќи сертификатот ќе овозможи да се воведат на македонскиот пазар нови генерики што досега не биле пласирани.

- Производството на РеплекФарм во моментов е околу 10,5 милиони евра, при што се произведуваат околу 156 видови на лекови - вели Туџаров. Тој нагласи дека светската економската криза не влијаела позначително на работењето на компанијата и остварени се позитивни финансиски резултати. Туџаров за идната година најави вработување на околу 50 високостручни кадари, а кога ќе се прошират на американскиот пазар бројката на нововработени лица ќе биде уште поголема.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik